МВР: Големиот број на полициски службеници во Кочани е заради службени активности, а не заради попречување на протести

Макфакс

18/03/2025

13:40

492

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи со известување до граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.

Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест, велат од МВР.

Апелираат до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера.