Студнетите на УКИМ се собраа на платото на Универзитетот на „Св Кирил и Методиј“ за да им оддадат почит на жртвите од големата трагедија во дискотеката во Кочани.
Оставаат цеќиња, палат свеки и се потпишуваат во книгата на жалост.
Студентското собрание најави дека вакви слични активности ќе се одвиваат целата седмица додека се денови на жалост. Соопштија дека студентите нема да одат на настава.