„Ништо не му беше невозможно“: Колешка за возачот на брза помош во Кочани кој починал откако цела вечер превезувал повредени од пожарот

Макфакс

17/03/2025

13:08

1.284

Големина на фонт

а а а

Иле Гочевски, возач на Брза помош од Кочани, почина откако превезувал повредени во пожар во дискотека.

„Прерано не напушти нашиот Иле Гочевски. Пријател кој несебично секогаш го даваше својот максимум. Не знаеше да каже не“, стои во една од објавите посветени на возачот на Брзата помош од Кочани кој почина откако ги превезуваше повредените во пожар во дискотека.

Иле Гочевски почина откако цела ноќ ги превезувал повредените. Неговото срце го изневери од стресот што го доживеа. Неговата колешка објави нивна заедничка фотографија и напиша трогателна посвета.

– Ништо не му беше невозможно – секогаш велеше: „Ќе биде направено, пријателе. Побрзајте – полека“. Што и да напишам, премалку е… Царството Небесно на нашиот ангел – стои во објавата.