Американскиот универзитет во Благоевград се простува од Стефанија Алексова која загина во пожарот во Кочани

Макфакс

17/03/2025

11:07

1.308

Големина на фонт

а а а

Со најтешко срце ја споделуваме веста за заминувањето на нашата, Стефанија Алексова. Стефанија, светла и сакана, трагично ни беше одземена во пожарот кој синоќа избувна во ноќен клуб во нејзиниот роден град. Оваа незамислива загуба нè остави сите во длабока тага, а нашите мисли се со нејзиното семејство, пријателите и сите што ја знаеле и сакале, објави Американскиот универзитет во Благоевград.

– На семејството на Стефанија, меѓу кои и нејзиниот брат, кој е ценет член на нашата алумни заедница, изразуваме најдлабоко сочувство. Не можеме да ја разбереме тежината на вашата тага, но знајте дека целата нашата заедница е со вас во ова срцепарачко време Вие сте во нашите мисли, а ние сме тука да ве поддржиме на секој начин што можеме. Стефанија беше светла и добра душа, полна со топлина, љубопитност и амбиција и знаеме дека за многумина од вас – особено нашите студенти од Северна Македонија – оваа загуба е длабока. – велат од Универзитетот.

Тие најавија дека наскоро ќе одржат и комеморација, заеднички да оддадат почит.