Нова сообраќајка во Скопје: На пешачки премин пред „Дајмонд мол“ прегазена девојка

Макфакс

17/03/2025

10:57

1.706

Големина на фонт

а а а

Денеска на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ е прегазена девојка.

„Имаме пријава утрово за сообраќајка, удрен пешак. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски“, соопштија од МВР.

Според очевидци се работи за девојче кое минувало на пешачки премин.

Повеќе детали се најавени во текот на денот.