Денеска протест во Кочани: Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест

Макфакс

17/03/2025

10:28

841

Големина на фонт

а а а

По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест. Тој е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани.

„Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност“, стои во објавата на Фејсбук профилот Кочани.

По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се...

Posted by Кочани on Sunday, March 16, 2025