[ВИДЕО] На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани

A1ON.MK

16/03/2025

20:55

2.692

Големина на фонт

а а а

На Кулата Белград во главниот град на Србија вечерва им се оддава почит на жртвите од пожарот во дискотека во Кочани.

На зградата е испишана пораката „Србија стои со Северна Македонија“.

На фасадата се менува знамето на Македонија со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа.

Кулата Белград е облакодер од 42 ката висок 168 метри, како дел од проектот Белград на вода.