[ВИДЕО] Ќе има одговорност за сите инволвирани, нема да има милост

Нетпрес

16/03/2025

19:10

1.098

Големина на фонт

а а а

„Скршен сум и мојот дух е срозен“, со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски го започна своето обраќање по трагедијата во Кочани во која според досегашните информации животот го загувија 59 лица, претежно на тинејџерска возраст.

Во обраќањето Мицкоски нагласи дека одговорност за случајот ќе има и најави решителни чекори.

„Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната. Но промените почнуваат од нас самите“, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно обраќање кон јавноста.

„Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Не сакам да се политизира овој настан, дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност. Ова не е меѓупартиска битка, ова е битка на чесните против нечестните“, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со децении во државата имаме корумпиран систем и дека победа над тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи.

Во обраќањето Мицкоски нагласи дека одговорност за случајот ќе има и најави решителни чекори.

„За сево ова што се случи, најпрво мора да има кривична одговорност. За сите до еден без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, професија. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме, без милост. Потребна е демонстрација на морална одговорност. Во следните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја во име на сите жртви на оваа трагедија и нивните семејства. Тоа ви го должам вам и на семејствата на загинатите, изјави Мицкоски.