Трагична вест: Почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи

Точка

16/03/2025

14:48

4.631

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбал остана без едно име во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани. Андреј Лазаров, членот на Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница.

Откако јавноста објави дека се бара Андреј Лазаров, се огласи Шкупи од каде посочија дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров не издржа, заради изгореници и вдишување на чад почина на 25-годишна возраст.

Младиот кочанчанец оваа сезона беше дел од Шкупи, а низ кариерата играше за хрватските клубови Горица и Рудеж, како и за Тиквеш, Работнички и Металург.

Повеќе колеги се простуваат од Андреј Лазаров на социјалните мрежи...