Музичарот Филип Стевановски помеѓу загинатите во Кочани

Точка

16/03/2025

14:35

5.593

Големина на фонт

а а а

Музичарот Филип Стевановски е помеѓу настраданите во пожарот во Кочани, објави регионалната ТВ Стар. Неофицијално, неговиот автомобил бил пред клубот во кој се случи трагедијата, а по него се трагало. Потоа, било потврдено дека е пронајден помеѓу починатите.

Стевановски е добро познат во музичкиот свет во земјава. Своето музичко образование Стевановски како пијанист и тромбонист го стекнал во Македонија, а неколку години се доусовршувал и во САД. Завршил два факултета, џез и класична музика и денес е магистер по џез студии.

На почетокот на годинава дојде на функција в.д. директор на Центарот за култура Ацо Шопов во Штип, а пред тоа беше професор по средното штипско музичко училиште.

Беше главен продуцент на детскиот музички фестивал Весело штурче. Има издадено албуми со џез музика и настапуваше на повеќе фестивали.