МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани

Точка

16/03/2025

13:33

202

Големина на фонт

а а а

Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства.

Да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество.


Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот, соопштуваат од МНТ.