Демократски сојуз: Големата трагедија, сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредените

Точка

16/03/2025

12:59

173

Големина на фонт

а а а

Демократскиот сојуз сочувствува со фамилиите на загинатите и повредените во големата трагедија во Кочани во која над 50 млади лица загинаа, а голем број се повредени.

Во овие тешки моменти неопходна е врвна здравствена помош на сите повредени, смиреност и соодветна брза реакција на државните институции.

Демокрарскиот сојуз инсистира на продлабочена истрага и кривична одговорност за сите кои придинеле да се случи ваква голема трагедија со тешки и ненадоместливи последици. Трагедија во која животот беше загрозен на голем број млади луѓе.

Треба да се направи детална анализа дали објектот ги задоволува основните критерииуми за одржување на масовен собир, дали имало излезни можности во услови на пожар или друг вид на хаварија, кој и дали имало дозвола за користење на пиротехнички средства, дали настанот бил обезбеден, дали била обезбедена екипа за брза помош, против пожарна заштита итн.

Очекуваме целиот истражен процес да се води транспарентно.

Демократски сојуз

Претплатете се на нашиот newsletter

Е-маил