Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата.
Пред болницата има полиција и волонтери од Црвен крст кои им пружаат помош на семејствата.
Сите лекари и медицински пероснал се мобилизирани во Штипската клиничка болница уште во раните утрински часови.
Како што претходно информираше директорот на Клиничката болница Штип, Владко Захариев хоспитализирани се 38 пациенти и сите се стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен. Пациентите со трет степен изгореници се препратени на клиниките во Скопје за натамошен третман.