Ханс Клуге изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Точка

16/03/2025

12:50

230

Големина на фонт

а а а

Длабоко сум тажен од трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, Северна Македонија, напиша на Х директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.

- Длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и повредените. Длабока благодарност до оние кои први реагираа, медицинските тимови и спасувачите кои дејствуваа брзо и неуморно за да спасат животи и да пружат нега во такви тешки околности, напиша Клуге.

Тој истакна дека во овој потресен момент, СЗО Европа и СЗО Северна Македонија стојат со посветените здравствени работници во Северна Македонија, подготвени да обезбедат итна медицинска и ментална здравствена поддршка.