Студенти по медицина се организираат за помагање на настраданите во дискотеката во Кочани

Точка

16/03/2025

12:44

318

Големина на фонт

а а а

Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани.

Дијана Кока Џемаили, кординатор на четврта година по општа медицина при Медицинскиот факултет во Скопје истакна дека студенти се самоорганизирале да помагаат за што и да имаат потреба болниците.

- Ние студентите од медицина се самоорганизиравме уште веднаш наутро кога слушнавме за немилиот настан. Најпрвин се упативме кон хируршките клиники да прашаме дали таму имаат потреба од помош на било каков начин да помогнеме. Потоа се упативме за Трансфузиологија да видиме таму имаат некаква потреба од крв или слично. И сега дојдовме во Градска болница да се понудиме за помош. Ова е самоорганизација на студентите. Ние сме отворени за помош, рече студентката.

Таа нагласи дека со целото Студентско собрание веќе разговарале да организираат крводарителски акции и се што е потребно.