Димитриевски: Сочуство до семејствата на загинатите, брзо закрепнување на повредените

Точка

16/03/2025

11:21

208

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. Димитриевски повика граѓаните заеднички да ја споделат болката, на повредените им посака брзо закрепнување.

– Во овие тешки моменти на болка и тага во мое лично име и во име на сите кумановчани изразувам длабоко сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани а на повредените брзо закрепнување. Ова е трагедија за Македонија и сите наши граѓани, мора да ја споделиме и поднесеме заедно сите, обединети, сплотени и солидарни како што некогаш биле нашите предци. Да ги оставиме надлежните да си ја вршат својата работа, здравствено да ги истретираат повредените, истражителите да ги утврдат фактите, а одговорност од сите видови ќе мора да има – напиша Димитриевски.