[ВИДЕО] Сведоштво на Марија Тасева, повредена во трагедијата во дискотеката во Кочани

Точка

16/03/2025

11:08

1.433

Големина на фонт

а а а

Марија Тасева е 20-годишна девојка, која е една од повредените во дискотеката во Кочани.

Пред камерите на МИА, таа сведочеше за моментот кога настанал пожарот. Настанал голем метеж, и додека излегувала од дискотеката паднала на земја.

„– Сите почнаа да трчаат надвор. Сите гледаа да се спасат. Сестра ми е изгубена. Не можеме да ја најдеме во никоја болница. Сега чекаме тука резултати дали ќе ја најдеме, ако не, на крај во Скопје. Излегувајќи надвор паднав на земја и другите газеа врз мене, едноставно бев на земја со образот“, изјави Тасева.