Панчо од ДНК вон животна опасност, во моментот е на кислородна поддршка на Клиника

Точка

16/03/2025

10:50

3.438

Големина на фонт

а а а

Еден од членовите на дуото ДНК на чиј концерт избувна страотниот пожар во дискотека во Кочани е задржан во болница. Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.

Според списоците објавени во јавноста Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК е примен на одделот за Пластична хирургија во Скопје и е на кислородна поддршка.


За неговата здравствена состојба се огласи неговата сестра Јадранка Николовска која даде изјава за македонски портал.


– Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како се Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе – открива Николовска низ солзи.