Покривот е потполно уништен, а внатрешноста на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс“ во Кочани е целосно изгорена.

Според изјавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку 51 лице загинало во трагичниот инцидент.


Полицијата ја затвори уличката што води до местото на несреќата, поставувајќи стоп-ленти, а присуството на службени лица со полициски ознаки е видно.

Пристапот до опожарениот објект е строго забранет.