[ВИДЕО] На социјалните мрежи се бараат информации за лица кои биле во дискотеката во Кочани

Макфакс

16/03/2025

08:57

1.744

Големина на фонт

а а а

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во кочанската дискотека која се запали.

Станува збор за фотографии од млади лица, на кои има напишано и телефонски броеви.


Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе. Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип.


На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени