[ФОТО/ВИДЕО] Над 10.000 Романци протестираа за да покажат поддршка за Европа во услови на изборни тензии

Макфакс

15/03/2025

22:01

611

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 10 илјадни Романци излегоа во саботата на улиците на Букурешт за да ја покажат својата поддршка за Европската унија, во услови на политички спорови околу повторувањето на претседателските избори закажани за мај.

Романија треба да ги повтори претседателските избори во два круга на 4 и 18 мај, откако Уставниот суд го поништи првичното гласање во декември по обвинувањата за руско мешање во корист на Калин Џорџеску, кој водеше во анкетите.

На Џорџеску, кој заедно со Москва го негираше руското мешање, му е забрането да учествува во повторувањето.

Во саботата, проевропските Романци формираа море од сини знамиња на ЕУ и тробојни романски знамиња, некои извикуваа антируски слогани и носеа транспаренти на кои пишуваше „Единство и почит – Европа ни дава права“ или „Ослободете го вашиот ум – Не на руската мудрост“.