[ФОТО/ВИДЕО] Повеќе од 50.000 луѓе излегоа на улиците на Будимпешта да протестираат против Орбан

Макфакс

15/03/2025

21:54

1.439

Големина на фонт

а а а

Над 50 илјади луѓе се собраа денеска во Будимпешта да го изразат своето незадоволство против унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека лидерот на се помоќната опозициска партија Тиса вети дека Унгарија ќе ја направи дел од силна Европа и ќе стави крај на 15-годишното владеење на Виктор Орбан.

– Оние кои ја предаваат сопствената нација треба да завршат во корпата на историјата. Нашето време дојде – рече Петер Маџар, поранешен владин функционер кој започна сопствено движење пред една година.

На митингот по повод националниот празник на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека е време да се елиминира она што тој го нарече „армија во сенка“ – невладини организации, новинари, судии и политичари кои, според него, се платени од Соединетите Американски Држави и Брисел, мислејќи на неговите планови за сузбивање на невладините организации и медиумите кои добиваат средства од УСАИД.

– По денешната прослава доаѓа големото велигденско расчистување бидејќи инсектите ја преживеаја зимата. Ќе ја елиминираме целата армија во сенка“, нагласи Орбан. Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине УСАИД го охрабри неговиот сојузник Орбан.

Минатиот месец тој најави дека Унгарија ќе усвои закон за заштита на националниот суверенитет и за разоткривање на странски фондови кои ги финансираат унгарските медиуми и, како што ги нарече, квази невладините организации.

Оваа недела, неговата партија Фидес поднесе предлог за уставни измени кои ќе овозможат исклучување на двојните државјани за кои се смета дека го загрозуваат унгарскиот суверенитет.