Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според проценките на полицијата, на сите локации во Белград има околу 107.000 луѓе, од кои најголем број доаѓаат од внатрешноста.
Поголеми инциденти или нарушување на јавниот ред и мир досега немало, соопшти МВР.
Slavija Square,Belgrade, right now. pic.twitter.com/m6Jc9PK3Pe
— 🇺🇦 paolo rel (@paolobucci18) March 15, 2025
Во моментов, студентските редари заедно со моторџиите се обидуваат да го расчистат просторот околу Собранието и да ги пренасочат демонстрантите кон Славија за да ја намалат можноста за инциденти.
Тие велат дека треба да се пренесе дека собирот е мирен, да не се користи пиротехничка опрема и никој да не паѓа на провокации.
Во Белград во тек е протестот 15 за 15.