[ВО ЖИВО] „Светот го нема видено ова“: Најмасовен протест во историјата на Србија

Макфакс

15/03/2025

17:08

7.827

Големина на фонт

а а а

Илјадници граѓани кои денеска се собраа на четири локации во Белград, пристигнуваат во центарот на градот, каде за 16 часот имаа закажано протест пред Народното Собрание.

Пред српското Собрание во моментов има огромен број луѓе, а други пристигнуваат од сите страни.

Студентите најавија дека главната бина ќе биде на плоштадот Славија, кој е на 15 минути пешачење од Собранието на Србија.

На таа сцена ќе се одржат главната програма и говорите.

Говорите ќе бидат емитувани и на аудио бина пред Народното собрание.

На социјалните мрежи се објавени голем број видеа и фотографии од протестот.