[ВИДЕО] Новинарка го удрила Трамп со микрофон в лице – Неговата реакција многумина ја коментираат

Точка

15/03/2025

18:26

6.233

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи вирална стана снимката која прикажува како новинарка со микрофон го удрила американскиот претседател Доналд Трамп директно в лице, во текот на неговото обраќање пред медиумите.

Инцидентот се случил додека Трамп одговарал на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во воената база „Joint Base Andrews“ во сојузната држава Мериленд. Новинарката го прашала за ситуацијата во Газа, кога микрофонот, кој се користи за снимање звук над говорникот, одеднаш влезе во кадарот и го удри директно во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледнал новинарката, ги кренал веѓите, но брзо се снашол и вниманието од прашањето го пренасочил кон шега.

„Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, зарем не? Дали го видовте тоа?“ коментирал Трамп пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Намерно или случајно?

Под снимката од овој „инцидент“ започна голема дебата околу тоа дали новинарката тоа го направила намерно или случајно. „Тоа ми се изгледаше намерно, освен ако личноста не може да докаже дека се сопнала. Тоа е вид на незгода поради која треба да добие отказ. Исто така, ова покажува колку е лесно да се нападне Трамп“, напишал еден корисник.


„Сигурна сум дека тоа било случајно, Трамп не изгледаше вознемирен поради тоа, туку само малку се изнервира“, беше коментар кој не се согласи со претходниот корисник на X.

Ја прекина средбата поради – чорапи

Потсетуваме, Трамп неодамна налути многумина бидејќи на сериозна средба со ирскиот премиер ги коментирал чорапите на Џеј-Ди Венс, потпретседателот на САД. „Ги обожувам твоите чорапи, но што е со нив? Се трудам да останам фокусиран, но импресиониран сум од неговите чорапи“, рекол тогаш Трамп.

„Дали е можно Америка да се распаѓа, а ние да зборуваме за чорапи? беше само еден од коментарите на Х. Многумина сметаат дека Венс намерно носел чорапи со детелина бидејќи е познато дека тоа е еден од симболите на Ирска, а тие тогаш биле на средба со ирскиот премиер.