Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата вчерашна посета на Москва.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, но точниот датум се уште не е договорен.
„Точното време на разговорот меѓу двајцата претседатели се уште не е одредено“, изјави Песков за новинарите.
„Откако господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, додаде тој.
Песков, исто така, за новинската агенција ТАСС изјави дека двете страни „разбираат дека е неопходен разговор меѓу претседателите“.