Денеска излегува нов подкаст на синот на Трамп, гостин е Вучиќ

Макфакс

13/03/2025

10:00

1.044

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател, го интервјуираше српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот подкаст.

„Ако се држите до вашите верувања, никој не може да ви наштети. Погледнете го целосното интервју во 18 часот по источно време (23 часот по средноевропско време) во подкастот Triggered. Ексклузивно на платформата Rumble“, напиша Вучиќ на Инстаграм, споделувајќи клип од интервјуто.

Синот на Трамп го посети Белград пред два дена. Тоа беше негова втора посета на Белград во последните шест месеци. Тој го посети Белград и на крајот на септември минатата година, додека неговиот татко беше среде претседателската кампања.