Пукање на аеродромот во Чикаго: маж се здобил со прострелни рани

Макфакс

12/03/2025

14:17

293

Големина на фонт

а а а

25-годишен маж е застрелан утрово пред терминалот на меѓународниот аеродром во американскиот град Чикаго, по расправија меѓу неколку лица, соопшти полицијата.

Тој се здобил со две прострелни рани во долниот дел од телото, се наведува во соопштението на полицијата во Чикаго.

Како што е наведено, тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба, пренесува АП.

Пукањето се случило на улицата надвор од Терминалот 2, а извештајот на локалната телевизија покажал скршен прозорец во близина на просторот за земање багаж.

Според агенцијата, авиокомпаниите кои користат терминал 2 ги вклучуваат JetBlue, Air Canada и Alaska Airlines.