Првата реакција на Кремљ за договорот меѓу Украина и САД

Макфакс

12/03/2025

12:04

765

Големина на фонт

а а а

Кремљ реагираше на веста дека Украина го прифатила американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков рече дека тие „не сакаат да донесуваат предвремени заклучоци“ и дека прво мора да добијат официјални информации од САД.

САД и Украина, за потсетување, на вчерашната средба во Џеда постигнаа договор за 30-дневен прекин на огнот, кој може да биде продолжен со заедничка согласност на Русија и Украина. Договорот вклучува обновување на американската воена помош и размена на разузнавачки информации за Украина.

Целта на договорот е да се отвори простор за преговори со Русија, додека Украина се согласи да формира преговарачки тим и да работи на трајно решение на војната. Путин претходно нагласи дека му е потребна долгорочна безбедност за Русија, а не привремено примирје.