„Марка“ отвори дебата за фановите на Валенсија: Мамардашвили или Димитриевски?

Дерби

11/03/2025

12:30

742

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски направи голем трансфер во Валенсија каде му беше ветено дека ќе биде прв голман на „лилјаците“, но она што изгледаше незамисливо сценарио за Македонецот, на крајот за жал се случи откако Ливерпул го остави Гиорги Мамардашвили уште една година на „Месталја“.

Иако Грузиецот беше продаден за сума која надминува 30 милиони евра, Ливерпул посака Мамардашвили да собира искуство уште една година во Валенсија, а таквиот расплет беше најнеповолен за Столе кој наместо прв, оваа сезона е втор голман на шпанскиот великан.

Македонскиот репрезентативец доби неколку шанси во Ла Лига поради повредата на Мамардашвили на крајот на минатата година и беше прв голман во Купот, а бидејќи остави навистина добар впечаток кога беше меѓу стативите, угледната „Марка“ сега реши да отвори дебата која за многумина беше незамислива.

Мамрадашвили брани во навистина лоша форма оваа сезона и беше одговорен за неколку бода кои ги загуби Валенсија, а по последниот голем кикс кој го имаше на натпреварот со Валјадолид, „Марка“ реши да отвори дебата, со поставено прашање до навивачите на клубот.

– Марамдашвили или Димитриевски?

Угледниот медиум во својата вест потенцира дека на почетокот на сезоната никој не би прогнозирал вакво сценарио, но додава дека тренерот Корберан навистина може да подразмисли и за смена на голманската позиција, особено во ситуација кога Гиорги е несигурен, а Валенсија води грчевите борба за опстанок во Ла Лига.

За среќа на Мамардашвили, неговиот последен кикс не влијаеше погубно врз Валенсија, бидејќи „лилјаците“ успеаја да се опорават од истиот и со голот на Умар Садик победија со 2:1 за излез од опасната зона.