Дали другите клубови ќе гласаат Манчестер сити да биде исклучен од Премиер лигата?

Макфакс

11/03/2025

12:15

553

Големина на фонт

а а а

Светската спортска јавност со голем интерес ги следи случувањата во случајот Манчестер сити. Клубот е обвинет за кршење на финансиските прописи.

Неодамна дојде до значителен напредок во истрагата за 115-те обвинувања против клубот, а Премиер лигата е предупредена да се подготви за сите можни сценарија.

Сити беше обвинет за прекршување на финансискиот фер-плеј од страна на управното тело на Премиер лигата, но клубот силно ги отфрла сите обвинувања. Формалното сослушување започна во септември, но конечната пресуда сè уште не е донесена од независна комисија. Новите извештаи сугерираат дека бројот на обвиненија ќе се зголеми на 130.

Доколку се потврди дека Манчестер сити ги прекршил финансиските правила, тоа ќе има големи последици за иднината на натпреварувањето во Премиер лигата.

Иако не е јасно какви казни ќе бидат изречени, постои можност независна комисија да препорача исфрлање на клубот од лигата. Сепак, доколку биде донесена ваква одлука, за неа ќе треба да се изјаснат сите останати клубови во Премиер лигата.

„Правилото Б6 на Премиер лигата вели дека мора да се донесе специјална резолуција за исфрлање на клуб од натпреварувањето. За да биде спроведена треба да ја поддржат најмалку 15 клубови. Доколку Сити ги отфрли сите обвинувања, тоа ќе ја покаже слабоста на Премиер лигата во спроведувањето на правилата“, рече Арјаман Бањери, шеф на фудбалската администрација во Лејн Кларк и Пикок.