Алкарас испорача страшен форхенд од 180 км/ч, па режираше шоу со најлудите фанови на трибините

Дерби

11/03/2025

11:29

191

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас без проблеми ја мина првата посериозна пречка на Индијан Велс, па така Шпанецот продолжува по својот пат и во обидот да ја одбрани титулата во калифорниската пустина.

Алкарас не му даде многу шанси на Денис Шаповалов и победи со сигурни 6:4 и 6:2, а за време на мечот, режираше неколку спектакуларни поени со кои покажа дека посебно ужива да игра во Индијан Велс.

Од сите моќни потези, посебно се издвојува страшниот форхенд кој го испорача со брзина од 180 километри на час, како и еден волеј на мрежа кои ги крена на нозе присутните на трибините.

За време на мечот, Алкарас имаше дополнителна забава и поради фактот што имаше специјална група на фанови на трибините, односно луѓе кои беа облечени како пчели.

Минатата година, Алкарас на патот до финалето беше нападнат од рој пчели и беше прекинато четвртфиналето со Александер Зверев, па оваа интересна симболика на специјалната група фанови посебно му се допадна на Шпанецот.

Алкарас имаше насмевка на лицето секогаш кога ги гледаше најоткачените фанови, па на крајот режираше и уникатна сцена и со селфи го овековечи моментот.