Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 100 мм на улицата Железничка б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Железничка и Герман, општина Центар
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Востаничка бр. 7А, во периодот од 10.30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Востаничка во општина Центар.