Милошоски: Улогата на парламентите неопходна за вреднувањето на ревизорските извештаи

Макфакс

10/03/2025

13:12

158

Големина на фонт

а а а

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска во својот кабинет оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски; заменикот на држаниот ревизор, Орхан Адеми; претседателот на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, Никола Н. Ковачевиќ и членот на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ.

Милошоски со гостите ја сподели успешноста на соработката на Собранието со Државниот завод за ревизија. Притоа, истакна дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка на Собранието со Државниот завод за ревизија, се овозможи конечните ревизорски извештаи да бидат предмет на разгледување во законодавниот дом. Со тоа, од една страна се зголемува притисокот врз институциите да го коригираат своето работење, а од друга страна се зајакнува независноста на Државниот завод за ревизија.

Од друга страна, Ковачевиќ, како прв човек на Сенатот, говореше за структурата и работата на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, но и за соработката со Парламентот на Црна Гора.

Соговорниците се согласија за неопходноста од независни и силни ревизорски институции. Широка е лепезата на активности кои можат да бидат предмет на ревизорски извештаи, но за нивната вредност да може да биде апсорбирана од јавноста, неопходна е улогата на парламентите.