Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на церемонијата по повод 80-годишнината од Холокаустот, која се одржа во Меморијалниот центар во Скопје.
Во својот говор, Мицкоски изрази почит, тага и надеж, сеќавајќи се на страшните жртви од Втората светска војна и трагедијата која не ја одмина ни Македонија.
„Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата не е само спомен, таа е лекција“, истакна премиерот, додавајќи дека нашата обврска е да ја зачуваме вистината и да се спротивставиме на заборавот.
Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која...
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, March 9, 2025
„Нашата цел е да изградиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување,“ додаде тој.
Мицкоски истакна дека фразата „Никогаш повеќе“ не е само симбол, туку и залог за иднината, за да се осигура дека трагедијата на Холокаустот никогаш нема да се повтори.
„Нека споменот на жртвите биде вечен“, порача премиерот, обраќајќи се до присутните во Меморијалниот центар.