Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Макфакс

08/03/2025

18:17

1.398

Големина на фонт

а а а

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери.

„Имаме заеднички документ кој е основа за коалициските преговори да започнат следната недела“, рече на прес-конференција лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат за канцелар Фридрих Мерц, пренесе Билд.

Најголем камен на сопнување во потенцијалната соработка беше прашањето на миграцијата.

Мерц најави пакет мерки во миграциската политика кои ќе вклучуваат поголема гранична контрола за да се намали бројот на мигранти кои влегуваат во земјата.

Тој рече дека разговорите се одвивале во „добра и колегијална атмосфера“.

Лидерот на СПД Ларс Клингбејл рече дека претстојат тешки преговори и дека ќе им препорача на партиските тела преговорите да продолжат.

Унијата (ЦДУ/ЦСУ) на Фридрих Мерц освои најмногу гласови на неодамнешните избори, а по неа е екстремно десничарската Алтернатива за Германија, а на трето место е СПД на канцеларот во заминување Олаф Шолц.