Милан има турбулентна сезона, сезона која не донесе добри резултати и со новиот тренер Сержо Консеисао кој имаше супер почеток со освениот трофејот во Супер Купот на Италија, но потоа екипата падна и доживеа неочекувана елиминација од Феенорд во Лигата на шампионите, додека пак во првенството е дури на 9. позиција со минус 11 во однос на Јувентус кој до држи тоа последно место кое води во елитното друштво во натпреварувачката 2025/2026.
Се очекува „росонерите“ да ја активираат опцијата и да му се заблагодарат на Консеисао на крајот на сезоната, а него пак ќе го наследи италијански стратег.
„Тутоспорт“ пренесува дека управата сака да донесе домашен стручњак, но финалната одлука ќе биде донесена откако ќе се затвори прашањето околу спортскиот директор.
Истиот извор пренесува дека ако Милан може тогаш би го довел Карло Анчелоти, ама голем знак прашалник е дали тој би се заминал од Реал за да се врати во Милано.
На долгиот список како опции се Антонио Конте, Џај Пјеро Гасперини, Маурицио Сари, Масимилијано Алегри, Роберто Де Ѕерби и Винченцо Италијано. Од сите овие наведени само двајца се без клупски ангажман и тоа Сари и Алегри.