Комо пружи силен отпор, ама не успеа да му земе мерка на уште еден тим од првата половина на табелата или поточно загуби од Рома со 2-1.
Во претходните две кола повратникот во италијанската елита славеше над Фиорентина и Наполи, а по првиот дел водеше и против „волчицата“ со 1-0, меѓутоа домаќинот ги сврти работите во второто полувреме и дојде до славје за продолжување на одличната серија.
Меѓутоа и покрај поразот, тренерот Сеск Фабрегас смета дека неговиот тим е победник од пресметката на „Олимпико“.
- Секогаш зборувам за победа, бидејќи ни треба победнички менталитет, па што се однесува до мене ние победивме. Не освоивме три бода, но нашиот менталитет е подобрен и можевме да продолжиме да веруваме дури и кога игравме со 10 играчи. Видов тим со карактер и храброст до крај, - рече Шпанецот.
- Ние сме тим кој создава многу и не искористува многу од тие шанси, така што тоа е некаде каде што треба да се подобриме. Добиваме и премногу црвени картони, дури и ако тоа не е секогаш наша вина. Се обидовме да го избегнеме тоа со некои наши замени денес, но не можев да го заменам Кемпф. Ако продолжиме да играме вака, тогаш сме на добар пат, - додаде Фабрегас и на крајот порача:
- Моите играчи знаат ако не дадат се од себе на тренинзите, нема да играат. Ние сме тим кој ја подигна границата, овозможувајќи ни да растеме и индивидуално и колективно, - заклучи предводникот на калчолигашот.