Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Кисела Вода на 26.02.2025 година во Дом на културата Билјана Беличанец го одбележа јубилејот 80 години постоење на Црвен крст на Република Северна Македонија.
На настанот присуствуваа градоначалници на пет локални самоуправи Кисела Вода, Аеродром, Студеничани, Сопиште и Зелениково на кои беа доделени благодарници по повод јубилејот, како израз на благодарност за поддршката на Црвениот крст. Благодарниците ги додели Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев. На настанот присуствуваа директори на училишта, наставници, претставници од корпоративниот сектор, здруженија и долгогодишни соработници.