ВМРО-ДПМНЕ за оставката на Трајановски: Тој не е никаква жртва, туку уживател на придобивките што Арсовска му ги овозможи заедно со пајташите од Левицата и ДУИ

Макфакс

27/02/2025

13:29

536

Големина на фонт

а а а

Според ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во процената на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска.

Неговата оставка од местото заменик-градоначалник, како што истакнуваат од владејачката партија, не е последица на неговиот револт од пајташите на Арсовска, туку веројатно причина се нереализирани бизнис-интереси во морето интереси заокружени околу Данела Арсовска.

„Да потсетиме дека Трајановски беше во улога дрвен адвокат и бранител на Арсовска до последниот момент, поточно до последната седница на Советот, каде што убедуваше дека кутрата Арсовска е жртва, а не агресор и уништувач на градот Скопје.

Ќе потсетиме на неговите жолчни и параночни навреди и клевети кон советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, квалификации и клевети и кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и тоа токму за работите за кои предупредувавме, а кои сега тој на говорница ги наведува како причина за неговиот раскин на соработка со Арсовска. Кога ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за хаосот што го приредуваше Арсовска, за нејзината неработа, но и тесни врски со ДУИ и Левицата, тогаш Трајановски ѝ аплаудира на Данела.

Трајановски не е никаква жртва, туку тригодишен уживач на сите придобивки што Арсовска му ги овозможи заедно со пајташите од Левицата и ДУИ. Народот вели таквите како Трајановски го напуштаат бродот што тоне, но Александар задоцни цели три години. Сега тоа не е исправање неправда, туку тоа се вика лицемиерство“, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ.