Без вода утре дел од Карпош

Макфакс

27/02/2025

09:34

395

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради технички зафат на санација на затварачи од ф – 300 мм и ф – 125 мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов – спроти Реплек, без вода ќе останат корисниците:

 од населбата Тафталиџе 2 како и дел од корисниците од улицата Јуриј Гагарин во општина Карпош, во периодот од 02.00 часот па се до завршување на работата.