Јавен повик за доставување на понуди за изведување работи на меѓународниот проект „Унапредување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Точка

26/02/2025

16:24

557

Големина на фонт

а а а

Градежни фирми од Македонија имаат можност да се пријават на меѓународниот јавен повик за доставување на понуди за тендерот за изведување работи за спроведување мерки за енергетска ефикасност во две основни училишта во Црна Гора: „Илија Кишиќ“, Зеленика во Херцег Нови и „Вељко Дробњаковиќ“ во местото Рисан. Тендерот го распишува Министерството за енергетика на Црна Гора.

Повеќе информации може да се најдат на линкот: https://energetska-efikasnost.me/2025/02/poziv-za-nabavku-gradjevinskih-radova-klaster-v/.

Тендерската документација може да се добие електронски, без надомест, со претходно испраќање на барање на следната e-mail адреса: djordjina.lovric@ee-me.org.

Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Министерството за енергетика на Црна Гора на линкот: https://energetska-efikasnost.me/wp-content/uploads/2025/01/250114-Invitation-for-ClV_PEPPB-1.pdf.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15.04.2025 година, до 12 часот.


Изведувањето на работите е планирано во рамки на проектот „Промоција на енергетската ефикасност во јавните згради – озеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“, кој го спроведува Министерството за енергетика на Црна Гора во административниот, социјалниот и образовниот сектор. Целта на проектот е подобрување на енергетската ефикасност во повеќе од 20 одбрани јавни згради.


Вкупната вредност на проектот изнесува 60 милиони евра. Дел од средствата ги покрива државата Црна Гора. Германската развојна банка (KfW) обезбеди кредит, додека неповратни средства во износ од 5 милиони евра за реализација на проектот се спроведуваат преку Регионалната програма на Европската Унија за енергетска ефикасност (REEP) и ИПА фондовите, со кои исто така управува Германската развојна банка (KfW).

Проектот е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) формирана во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во 2012 година. Бројни организации соработуваат во рамките на програмата за да ја направат што е можно поуспешна, вклучувајќи ги Енергетската заедница, ЕБРД, Европската комисија, KfW и други билатерални донатори. Проектот се фокусира на енергетски ефикасна реконструкција на јавни згради во Западен Балкан, од административниот, здравствениот и образовниот сектор (на пр. училишта, болници, градинки, административни згради и други).

Комерцијален текст