„Audi“ ни даде прв поглед на новиот „Audi A6 Avant“ за 2026 година.
Официјалното претставување е закажано за 4 март, а иако овој тизер не открива многу детали, изгледа дека „A6 Avant“ ќе биде сличен на „Audi A5“.
Промена во името – но не и во концептот
Првично, се планираше овој модел да го носи името „A7“, но „Audi“ сепак одлучи да ја задржи старата номенклатура. Поради тоа, „A6“ (со SUS мотор) ќе коегзистира со електричниот „A6“ e-tron модел.
Прво на пазарот ќе пристигне „A6 Avant“, а набрзо потоа и класичната лимузина.
Од тизерот може да се забележи дека задните светла ќе бидат поврзани со „LED“ лента, а покрај „A6 Sedan“ и „A6 Avant“, „Audi“ ќе ги лансира и „A6 Allroad“ и моќниот „RS6“.
Платформа и моторизација
„Audi A6“ ќе биде изграден на „PPC“ архитектурата, која е унапредена верзија на постоечката „MLB Evo“ платформа.
Најверојатно, ќе биде достапен во бензински и дизел варијанти, а според одредени информации, во моделот „RS6“ би можел да биде вграден „V6 „мотор со 725 коњски сили, наместо актуелниот „V8“ мотор.
Главните ривали на“ Audi A6 Avant“ ќе бидат „BMW 5 Series Touring“ и „Mercedes-Benz E-Class Estate“.