Состојбата со слободата се влошила минатата година, а авторитаризмот се засилил, утврди невладината организација Фридом Хаус, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот во својот годишен извештај.
Македонија останува во редот на делумно слободни земји. Се наоѓа на 67. место исто како и минатата година.
Во заклучокот се забележува дека земјата продолжува да се бори со корупцијата, и додека медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување.
Во извештајот се забележува дека и покрај негативните трендови, има неколку случаи на значително подобрување во регионот на Јужна Азија.
Во овогодишното рангирање на Фридом Хаус, непрофитна организација финансирана од американската влада, две земји добија статус на слободни: Сенегал и Бутан, хималајското кралство кое ја консолидира својата транзиција кон демократија преку избори.
Македонија, исто како и минатата година, има 67 од 100 поени.
Организацијата со седиште во Вашингтон, за мерењето користи систем од нула до сто поени, рангирајќи ги земји од светот како слободни, делумно слободни и неслободни.