Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Макфакс

24/02/2025

12:27

204

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо денеска изјави дека руската војна против Украина претставува „војна против нашиот начин на живот, војна против демократијата, против владеењето на правото и самоопределувањето, војна против правдата, војна против вистината“.

Зборувајќи во Киев на третата годишнина од почетокот на војната, Трудо ги осуди, како што ги нарече, „гнасните воени злосторства“ на Русија, пишува „Гардијан“.

„Украинците ги загубија животите борејќи се храбро за својата земја, децата беа одземени од нивните семејства, домови и заедници, што е грозоморно воено злосторство“, рече тој. Трудо додаде дека воените заробеници биле изложени на насилство од страна на руските војници.

„Украинците ќе триумфираат затоа што Украинците се борат за она што е исправно, но тие не можат и не треба да го направат тоа сами“, рече Трудо. Вкупно 37 државни лидери ќе учествуваат на самитот во Киев, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „пресвртница“, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видео врска, според УНИАН.