[ВИДЕО] Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Макфакс

24/02/2025

08:36

603

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија врз Украина.

По тој повод таа рече: „На третата годишнина од бруталната руска инвазија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа“.

„Во оваа борба за опстанок, не е загрозена само судбината на Украина, туку и судбината на Европа“, додаде таа во објавата на Икс.