„Не користи мобилен телефон додека возиш“ – превентивна активност на СВР Охрид

Макфакс

23/02/2025

13:42

242

Големина на фонт

а а а

Вчера, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

На повеќе пунктови во Охрид, полициските службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен телефон при управување со возило може да биде опасно како за нивната, тка и за безбедноста на другите учесници во сообрачајот, извести СВР Охрид.


Полициските службеници посочија дека користењето мобилни телефони во текот на возењето го одвлекува вниманието, се намалува внимателноста кон состојбите на патиштата и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. Целта на кампањата е јакнење на сообраќајната култура, свеста и совеста кај возачите за активен придонес во зголемувањето на безбедност во сообраќајот на патиштата. На возачите им беа поделени летоци со едукативни совети и насоки, соопшти СВР Охрид.