Трамп: Блиску сме до договор за минералите; Украинците: Не сме

Макфакс

22/02/2025

16:14

1.572

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не е подготвен да прифати договор за експлоатација на минерални суровини со Соединетите држави, бидејќи Украина гледа „голем број проблематични прашања“ во нацрт-договорот, изјави украински извор.

Иако Доналд Трамп тврдеше дека договорот е блиску, извор запознаен со преговорите за Sky News изјави дека украинскиот претседател се уште не е подготвен да го потпише договорот. Американската страна бара Украина да се согласи на американскиот пристап до природните ресурси на земјата во замена за воена помош.


Украински извор наведува: „Договорот се уште не е подготвен за потпишување, има голем број проблематични прашања, а во сегашната форма претседателот не е подготвен да го прифати. Нацрт-договорот не одразува партнерски однос, туку содржи исклучиво еднострани обврски за Украина“.


Од друга страна, американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц неделава изјави дека договорот ќе биде склучен. „Поентата е јасна – претседателот Зеленски ќе го потпише овој договор и тоа ќе се случи многу брзо“, рече Волц во петокот.

Се верува дека американските преговарачи ја споменале и можноста да се одбие пристапот до клучниот сателитски интернет систем „Старлинк“ на Илон Маск доколку Украина не се согласи на договор.