Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

22/02/2025

13:52

445

Големина на фонт

а а а

„СДС повторно шири бесрамни лаги со цел да ја прикрие катастрофалната состојба во која ја остави државата. Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.

„Ако некој создаде армија на неспособни партиски војници и ја претвори државната администрација во штаб на Бихаќка, тоа е токму СДС!

Дополнително, ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДС.

Смешно е што СДС денес држи прес-конференции наместо ДУИ против Влен.

До толку се зависни од ДУИ што еден ден природно ќе си го исполнат стариот договор и ќе се спојат во една партија.

Оваа Влада е посветена на квалитет, а не на партиски списоци, и тоа граѓаните го гледаат.

Паниката во редовите на СДС е очигледна – знаат дека повеќе нема шеми, тендери и дебели хонорари за нивните послушници, па измислуваат скандали кои постојат само во нивните глави“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.