Претрес во Идризово: Пари и мобилни телефони биле пронајдени кај осуденици во затворот

Макфакс

22/02/2025

13:40

900

Големина на фонт

а а а

Вчера во 20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони.

Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон.

Фото: Архива

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.